Односи помеѓу етажните сопственици

УРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ МЕЃУ ЕТАЖНИТЕ СОПСТВЕНИЦИ

Член 201

Во постапката за уредување на односите меѓу етажните сопственици судот одлучува за заемните односи што произлегуваат од етажната сопственост.

 

Член 202

За уредување на односите меѓу етажните сопственици надлежен е судот на чиешто подрачје се наоѓа зградата која има делови во етажна сопственост.

Член 203

Предлог за донесување на одлука која го заменува договорот за заемните односи, односно со која се изменува и дополнува договорот за заемните односи, може да поднесе етажниот сопственик кој го оспорува договорот, односно кој бара измена и дополнување на договорот.

Член 204

Предлог за утврдување на висината на износот што етажниот сопственик е должен да го уплатува за одржување, поправки и инвестиционо одржување на заедничките делови на зградата што и служат на зградата како целина, може да поднесе секој од етажните сопственици.

Член 205

Предлог за утврдување на откупната цена на посебен дел од зграда или за продажба на зграда може да поднесе секој од етажните сопственици.

Член 206

Судот, по приемот на предлогот, закажува рочиште на кое се повикуваат и се сослушуваат сите етажни сопственици од соодветната зграда.

По потреба, судот ќе изведе и други докази и ќе изврши и други извиди.

Член 207

Во случаите за поправка, односно преправка на зграда или утврдување на откупна цена, судот ќе определи вештачење ако тоа е потребно за да се утврди целесообразноста и оправданоста на поправките и преправките, односно да се утврди промената на вредноста на посебните делови што се откупуваат.

Ако не дојде до откуп на посебните делови, а зградата треба да се продаде, продажбата се спроведува според одредбите на Законот за извршување.

Член 208

По изведувањето на потребните докази, врз основа на резулатот од постапката, судот донесува решение со кое ги уредува односите на етажните сопственици.

Член 209

Судот во решението за поправки, односно за преправки на зградата определува кои поправки или преправки ќе се извршат, образложувајќи ја нивната целесообразност и оправданост.

Co решение од ставот 1 на овој член, судот ќе определи кои етажни сопственици и во кој обем ќе ги сносат трошоците, водејќи сметка за тоа на кои посебни делови и во која мера или во чија корист поправките или преправките треба да се извршат.

Член 210

Co решението за утврдуавње на откупната цена на посебните делови, судот ја утврдува цената на секој посебен дел одделно.

Член 211

Против решението на судот за уредување на заемните односи што произлегуваат од етажната сопственост, жалба може да изјави секој етажен сопственик.

Член 212

Трошоците на постапката ги поднесуваат сите учесници сразмерно на големината на нивната етажна сопственост.

Судот може да одлучи трошоците на постапката да паднат на товар на учесникот кој дал повод за поведуање на постапката.

 

Кои сме ние
Адвокатско друштво Камчева и Димиќ

Основачи на Адвокатското друштво Камчева и Димиќ се Адвокат Емилија Камчева Стојановска и Адвокат Елита Димиќ.

Адвокатското друштво Камчева и Димиќ е формирано со цел обезбедување на правна помош и застапување на физичките и правните лица од областа на граѓанското право. Клиентите и соработниците на ова Адвокатско друштво добиваат широк спектар на услуги, правна помош поткрепена со практика и високо ниво на квалитетни услуги од областа на правото.

Основна цел ни е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти нудејќи постојана и високо квалитетна правна услуга.

 

Адреса

Ул. Никола Тесла бр.9А/8
1000 Скопје, Македонија

онлајн прашања и совети:

вибер 070/444-970

Податоци за контакт

070/444-970,  070/233-215
ad.kamcevaidimikj@gmail.com