Управување и користење на заеднички предмети согласно Законот за вонпарнична постапка

УРЕДУВАЊЕ НА НАЧИНОТ НА УПРАВУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ЗАЕДНИЧКИ ПРЕДМЕТИ

Член 192

Во постапката за уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети судот го определува начинот на управување и користење на заедничкиот предмет, односно предмети (заеднички предмети).

Член 193

За уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети е надлежен судот на чиешто подрачје се наоѓа заедничкиот предмет.

Член 194

Предлог за уредување на начинот на управување и користење на заеднички предмети може да поднесе секој од носителите на правата на заедничкиот предмет.

Член 195

Ако по поднесувањето на предлогот судот најде дека е спорна сопственоста или големината на сопственичките делови од заедничкиот предмет, ќе ја прекине постапката, а предлагачот ќе го упати да поведе парнична постапка во определен рок.

Ако предлагачот не поведе парнична постапка во определен рок, ќе се смета дека предлогот го повлекол.

Член 196

Судот за расправање по предлогот ќе закаже рочиште на кое ги повикува сите носители на правата на заедничките предмети.

Член 197

Ако на рочиштето предлагачот не се јави, иако бил уредно повикан, ќе се смета дека предлогот го повлекол.

Член 198

Ако на рочиштето носителите на правата на заедничките предмети не се спогодат, судот ќе изведе докази и ќе спроведе потребни изведувања, па врз основа на резултатот од спроведената постапка, ќе донесе решение со кое ќе го определи начинот на управување, односно начинот на користење на заедничките предмети.

Член 199

Против решението со кое е уреден начинот на управување и користење на заедничките предмети жалба може да изјави секој од носителите на правата на заедничките предмети согласно со членот 196 од овој закон.

Член 200

Трошоците на постапката паѓаат на товар на носителите на правата на заедничките предмети, сразмерно со големината на нивните делови.

 

 

Кои сме ние
Адвокатско друштво Камчева и Димиќ

Основачи на Адвокатското друштво Камчева и Димиќ се Адвокат Емилија Камчева Стојановска и Адвокат Елита Димиќ.

Адвокатското друштво Камчева и Димиќ е формирано со цел обезбедување на правна помош и застапување на физичките и правните лица од областа на граѓанското право. Клиентите и соработниците на ова Адвокатско друштво добиваат широк спектар на услуги, правна помош поткрепена со практика и високо ниво на квалитетни услуги од областа на правото.

Основна цел ни е да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти нудејќи постојана и високо квалитетна правна услуга.

 

Адреса

Ул. Никола Тесла бр.9А/8
1000 Скопје, Македонија

онлајн прашања и совети:

вибер 070/444-970

Податоци за контакт

070/444-970,  070/233-215
ad.kamcevaidimikj@gmail.com